По осум месеци, Мачу Пикчу повторно отворен за туристите
Светиот град на Инките, Мачу Пикчу, повторно се отвори за туристи по скоро осум месеци откако беше затворен поради пандемијата со Ковид 19...

Од здравствени причини, сепак, само 675 туристи ќе можат да го посетуваат дневно, што е 30% од дневниот број на посетители пред пандемијата.
Под дожд и разнобојни светла, ритуалот на Инките се славеше за да им се заблагодари на боговите за повторно отворање на градот, кој беше прогласен за светско наследство од УНЕСКО во 1983 година.
Туристите треба да одржуваат физичко растојание, иако бројот на заболени од коронавирус се намалува во Перу.
Повторното отворање со нетрпение се чекаше во Куско, главниот град на истоимената област во Перу, лоциран на Андите на 3.416 метри надморска височина. Градот, кој долго време беше главен град на Империјата на Инките, е почетна точка за посета на Мачу Пикчу.
Дијана Гогова
