Колку време е потребно за да се заразите ако сте во близок контакт со некој што има коронавирус?
Центрите за контрола и превенција на болести на САД неодамна ја ревидираа дефиницијата за близок контакт.Претходно, близок контакт се сметаше за лице кое минало најмалку 15 минути на растојание помало од два метра од заразено лице. Сега тие 15 минути не мора да бидат последователни. Близок контакт се смета за лице кое минало помалку од два метра од заразеното лице минимално 15 минути за 24 часа.

Зошто е променета оваа информација? Бидејќи еден затворски чувар во Вермонт се покажа позитивен на коронавирус по повеќе, но кратки контакти со шест асимптоматски затвореници.
Во осумчасовната смена, тој имал 22 состаноци со затвореници, вкупно 17 минути. Дали тоа значи дека сте безбедни ако поминете помалку од вкупно 15 минути во близина на заразено лице? За жал, не мора.
Петнаесет минути е само упатство.
„Сакате да дадете неколку широки упатства кои лесно се паметат, но тоа всушност е континуитет“, рече Нил Голдстајн, професор по епидемиологија на универзитетот Дрексел во Филаделфија.
"Ризикот може да биде помал на долг рок и поголем на краток рок. Постојат многу варијабли кои влијаат на количината на вирус што некој ја прима, а тоа е всушност најважната работа", велиГолдстајн.
Покрај времето на изложеност на вирусот, важно е и дали заразеното лице има симптоми, дали воопшто ги има или ги има развиено подоцна, дали сте биле надвор или во затворени простории, колку била проветрена просторијата.
На пример, ако сте седеле и пееле во куќата на пријател во затворено, наместо да седите во паркот во тишина, ризикот од заразување за пократко време се зголемува.
Дијана Гогова
