Глутенот е причина за зголемено количество шеќер во крвта и многу воспалителни процеси во организмот

04.11.2020 15:07

Не е слатко се што се нарекува така, туку сите печива и се друго што содржи скроб е шеќер кој всушност се претвора во зголемени маснотии и наслаги на телото.

Скробот е чиста гликоза, односна основна молекула на шеќерот. Значи кога јадеме скроб, тој во нашиот дигестивен систем се разградува како шеќер, односно како гликоза влегува во нашиот крвоток и тогаш ние го нарекуваме шеќер во крвта. Не е важно од каде дошол тој шеќер во крвта, дали од колачи, кекси и други слатки работи или од белиот леб, црн интегрален, од компирите, помфритот и др. Важно е дека тогаш нашиот крвоток е преплавен со шеќер и тука почнуваат многу проблеми. Главно поголемиот број хронични болести почнуваат со зголемено ниво на шеќер во крвта како директна последица на исхрана од јаглехидрати. Тогаш панкреасот излачува големо количество инсулин кој има задача да го елиминира шеќерот од крвотокот и да го префрли во клетките за да се употреби како енергија или да се складира ако има вишок. Инсулинот, тој вишок го претвора во маснотија и го разместува по телото како сало и од таму уверувањето дека не смееме да јадеме мрсна храна дека од неа се здебелуваме.Тоа беше повеќедецениско уверување дека маснотиите не гојат, а всушност за тоа се виновни јаглехидратите, Овие сознанија се веќе научно докажани и проверени а за нив пишува познатата хрватска нутриционистка Анита Шупе во својата книга „Вистини и лаги за храната“. 

,,Тоа констатно зголемено количество на шеќер, доведува до хронична зголеменост на инсулинот во организмот кој со текот на годините чини голема штета на нашиот организам, доведува до воспалителни процеси во телото, до инсулинска резистенција која е пат до развој на дијабетес тип 2 и на метаболичен синдром што значи пореметување на маснотиите во крвта, триглицериди, зголемен крвен притисок и на шеќер во крвта и болести на крвните садови. Сите тие фактори на ризик за развивање срцево жилни заболувања се сведуваат под името метаболички синдром.“

Новите болести се поради генетски модифицирани житарки а промената на структурата на глутенот е проблемот кој предизвикува низа заболувања... Низ цревата како филтер освен хранливите состојки се  пропуштаат и штетните материи кои  се апсорбираат во крвотокот..И тогаш алармот во имунолошкиот систем препознава нешто страно и тогаш доаѓа до разни воспаленија и низа реакции на организмот... 

,,Тогаш доаѓа до цела низа воспалителни процеси  и авто имонолошки процеси, создавање анти тела и тоа всушност е почеток на автоимуни заболувања , чиј број денес е многу голем и за кои за жал медицината не ги знае причините за настанување. Но според најновите истражувања утврдено е дека сите автоимуни заболувања имаа заедничка основа или причинител кој ги поттикнува, без разлика дали се работи за псоријаза или ревматоидниот артритис или хашимото и или мултипласклероза. Докажано е дека глутенот ги поттикнува раздвојувањето на клеточните ресички во внатрешноста на цревата, затоа глутенот го пропуштаат и како неразграден протеин имонолошкиот систем го идентификува како страно тело и затоа почнуваат нападите, воспаленијата и сите други процеси. Откритијата покажуваат дека 50 различни болести се поврзуваат со неподнесувањето глутен.... “-пишува Аита Шупе.

Затоа нутриционистите,врз база на веќе докажаното штетно дејство на глутенот, препорачуваат да се избегнуваат привлечните пецива, тестенини, бидејќи нашето тело не ги препознава неприродните материи како глутенот кој може да предизивика и многу автоимуни заболувања,

Соња Стојановска