АВСТРИЈА

Виена била предупредена од Словачка за терористот Кујтим Фејзулаи

05.11.2020 11:14

Приведени се 14 лица во Австрија, Исламска држава презеде одговорност...

Австриската влада призна дека не успеала да го следи ланското предупредување од официјална Братислава за Кујтим Фејзулаи кој го изврши терористичкиот напад во Виена во кој загинаа четири лица.

Австриското МВР соопшти дека информациите кои биле пренесени од Словачка биле испитани од домашната разузнавачка агенција БВТ, но и дека не биле преземени понатамошни активности. 

Австрија приведе 14 лица кои биле поврзани со вооружениот напаѓач. Уште две се приведени во Швајцарија. Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста.