Работнички и Кожув за врвот
Кожув го доби убедливо првото соочување сезонава со 85-61...

Досегашниот биланс и квалитетот на екипите го пишува епитетот дерби пред натпреварот меѓу Работнички и Кожув. Претпоследното, 17-то коло од Првата кошаркарска лига на Македонија нужно не мора да има директно влијание на конечниот пласман на ривалите, но сепак е исклучително значајно.
Кожув го доби убедливо првото соочување сезонава со 85-61 и доколку се радува и на паркетот во салата во „Градски парк“, тогаш ќе води со 2-0 во меѓусебните дуели и може да има почетна предност во евентуална серија со ривалот во разигрувањето за титулата.
Двата тима досега загубија само по еден меч, скопскиот од Кожув, а гевгелискиот од Лирија, па оној што ќе биде поуспешен ќе остане осамен на водечката позиција во првенството во пресрет на завршната рунда од оваа фаза. Кој ќе биде тој, видете во преносот на Првиот канал на Македонската телевизија од 17 и 30.
