64-годишна учителка од Тетово успешно се справува со онлајн наставата
Во тетовските училишта веќе ретко може да се забележат просветни работници. Поради зголемената бројка на заразени со одлука на Кризниот штаб на Општина Тетово, голем дел од нив онлајн наставата ја одржуваат од дома. 64- годишната наставничка Светлана Јаневска и натаму на учениците им предава од далечина, но од својата училница од Основноот училиште Братство Миѓени...

Одделенскиот наставник Светлана Јаневска ја затекнавме на една од паузите меѓу часовите. Овие пет минути вели, ги користиме со учениците за малку физичка активност, која недостасува поради онлајн наставата.
Наставничката Јаневска има 64 години. За неа интернет технологијата и социјалните мрежи биле непозната работа. Кога ја слушнала информација дека мора часовите да се одвиваат онлајн не ѝ било сеедно. Без помош од колективот, тешко вели би се вклопила.
Образованиот процес, вели наставничката, засега тече одлично, но со воведувањето на дисциплина малку е потешко.
Таа е меѓу ретките кои онјалн наставата ја спроведува од училиште, откако Кризниот штаб на Општина Тетово донесе одлука наставниот кадар предавањето да го врши од дома, поради зголемената бројка на заразени, но и регистирани позитивни случаи во самите училишта.
За тие кои немаат можност да предаваат од дома ќе се направат исклучоци, истакнаа оттаму.
Најверојатнo и нашиот соговорник од наредната недела ќе предава од дома. Начинот на предавање како што ни раскажа го совладала, а училиштето и обезбедило солиден компјутер. Таа се надева на што поскоро стабилизирање на состојбата и физички присуство на учениците.
Зоран Димовски
