Османи: Соседите да бидат мотор, а не кочинца на нашата евроинтеграција

05.11.2020 12:29

Посакувам нашите соседи да бидат моторот, а не кочницата во нашиот процес на интеграција и заеднички да ги уживаме придобивките од политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, порача шефот на македонската дипломатија Османи...

Посакувам нашите соседи да бидат моторот, а не кочницата во нашиот процес на интеграција и заеднички да ги уживаме придобивките од политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, порача шефот на македонската дипломатија Османи, во обраќањето на видео конференцијата посветена на Западниот Балкан.

Ги повикувам нашите европски пријатели да го препознаат моментумот и да не ја пропуштат шансата да се финализира крајот на годината онака извонредно како што почна, затоа што земјите од Балканот припаѓаат на европското семејство - географски, историски, културно, вредносно, и својата иднина ја гледаат како дел од ЕУ, нагласи Бујар Османи во обраќањето на видео конференцијата Западниот Балкан по 2020-та.