Струмица: Позитивна нагователка однесе во излолација цела група дечиња
Струмичката градинка во својот регистер од почетокот на епидемијата запиша и три позитивни дечиња покрај позитивните веработени...

Позитивна нагователка во еден од клоновите на детската градинка во Струмица однесе во излолација цела група дечиња. Од раководството на градинката велат дека позитивната страна е што во градинката нема реадмисија, туку позитивните вработени вирусот го добиле во кругот на семејството. Струмичката градинка во својот регистер од почетокот на епидемијата запиша и три позитивни дечиња покрај позитивните веработени.
Веќе е направена контрола во просториите на градинката и било утврдено дека се запазуваат протоколите за работа, поради што останатите групи ќе продолжат да функционираат.
На територија на целиот југоистокот во градинките во моментов има позитивни на вирусот неговатрелки и воспитувачки, а со нив во излоација се и дечињата за кои се грижат.
Имено, во Радовиош од почетокот на епидемијата се регистрирани 3 позитивни воспитувачки, од кои едната од нив заедно со групата дечиња до 10- ти во месецот ќе останат во излолација, додека пак во гевгелиската градинка 2 негователки се позитивни на вирусот и заедно со двете групи дечиња се во изолација, а од почетокот на епидемијата вкупниот број е 4 негователи и воспитувачки, но и едно дете се позитивни на Ковид-19.
Стојне Митева
