И охридската и струшката болница преадаптираат одделенија за пациенти со Ковид-19

05.11.2020 14:34

Рекорден број, 49 новозаболени вчера во Охрид, бројот на хоспитализирани порасна на 80 пациенти, од кои 15 на кислородна оддршка. Охридската болница повтрно ќе ги проширува капацитетите...

Рекорден број, 49 новозаболени вчера во Охрид, бројот на хоспитализирани порасна на 80 пациенти, од кои 15 на кислородна оддршка. Охридската болница повтрно ќе ги проширува капацитетите, ќе го преадаптира и нервното одделение во ковид- центар за зголемување на бројот на легла.

Срцевоболните се препраќаат во Заводот за кардиологија Свети Стефан. На последниот состанок,Кризниот штаб на општина Охрид донесе одлука сите здравстевни установи да помогнат во лекување на сѐ поголемиот број заболени.

„Како што налага ситуацијата, ќе иселуваме одделни оддели. Имаме уште неколку слободни кревети ако се зголеми бројот. Охрид, знаете, имаме огромен број на позитивни пациенти кои доаѓаат, наше е како болница да ги згрижиме сите потешки пациенти“, вели д-р Горан Балевдиректор на болницата во Охрид.

Комплицирана е состојбата и во Струга. Од почетокот на пандемијата струшко бележи најголем морталитет на пациенти со Ковид- 19 во земјава. Моментално има 18 пациенти во болнички услови. Полно е интерното одделение, болницата ќе го преадаптира детското одделение.

„Имаме план за други одделнија да ги преадаптираме за лекување на корона пациенти. Кажувам, да не се шири страв кај граѓаните на Струга, ние функционираме и ќе работиме по секојдневните потреби на пациентите“, вели Мухамед Асани, директор на болницата во Струга.

Во Струга како последица на компликации од корона вирусот до денес починаа 75 пациенти. Стушките печалбари спакувани во посебни капсули, авионски заминуваат на лекување во странство.

Соња Рилковска