Уништени 10 тони небезбедна храна поради поплаки на потрошувачите
Како еден од начините да се промовираат правата на потрошувачите низ целиот свет, под мотото ,,Остварени резултати во заштитата на правата на потрошувачите – Кодекси на добра пракса“ денеска се одбележа 15март, Светскиот ден на заштитата на правата на потрошувачите.

Врз основа на повеќе од 280 поплаки, уништени се 10 тони небезбедна храна, изјавија од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Најмногу поплаки од потрошувачите има забезбедноста на прехранбените производи, сметките за телефонија и квалитетот на апаратите за домаќинство. Граѓаните се жалат на неквалитетна услуга, доцнење при раскинување договор, но и на несоодветно истакнати цени на производите кои неретко имаат скриен недостаток. Сепак, расте свеста за потрошувачките права, иакодел од јавноста сеуште не знае каде да се обрати и како да ги заштити.
Државниот секретар во Министерството за економија -Трифунов, апелираше на одговорно давање информации, едукација, подигање на свеста и културата на јавноста.
Организацијата на потрошувачите на Македонија им даде над2200 совети на потрошувачите во минатата година, за корисниците да се третираат праведно, да се подобрат услугата и законската регулатива.
-„Новиот Закон за заштита на потрошувачите,кој ќе содржи одредби од новите директиви на ЕУ е во процедура и се очекува да се применуваод 2015-тата година“,најави претседателката на Организацијата, Марјана Лончар Велкова.
Сања Спиридонова
