Здравство

Околу 900 пациенти со Ковид-19 се леуваат низ болниците, капацитетите забрзано се полнат

05.11.2020 16:27

Критичниот број на хоспитализирани пациенти е околу 1.300 легла. Доколку се надмине овој број тогаш ни преостанува да се оди на драстични методи како што е и полицискиот час, тврдат стручњаците. Недостига и болнички персонал, велат во прилепската болница...

Околу 900 пациенти со коронавирус се лекуваат низ болниците во земјава. Голем дел се на кислородна поддршка и на апаратите за дишење.

Здравствените установи забрзано се полнат, недостига и медицински персонал. Алармантна е состојбата во внатрешноста. Во прилепската болница зголемени се потребите од кислородна поддршка за лекување на пациентите болни од ковид.

И покрај пренамената на Институтот за туберкулоза и интерните одделенија во ковид центри, здравствениот систем може да поддржи хоспитализација на .1200 до 1.300 пациенти– предупредува епидемиологот Даниловски. Надеж гледа во брзите тестови.

Ако мерките на Владата не дадат резултат и се заканува колапс на здравствениот систем, Даниловски препорача воведување 24-часовен полициски час.

За три дена во земјава како последица од коронавирусот починаа 67 пациенти. Имаше и рекорден број на новозаболени од речиси 1.200 во еден ден.

 

Андријана Атанасовска