Слаткиот пелин моќен лек против многу вируси, бактерии, габи, паразити, воспаленија
Во народните верувања се сметал за билка која носи среќа и љубов, па бил опејуван во многу народни песни. Гранчиња Артемисија се ставале под пазувите во неделите и за празниците. Слаткиот пелин во не толку дамнешно минато се користел на нашите простори како лек, мирис и зачин.

Слаткиот пелин (лат. Artemisia annua) е добро познат хербален лек кој се користи со векови во народната медицина особено во кинеската медицина поради своите исклучително лековити својства. Се користи како анти-вирусен, анти-бактериски, анти-канцероген, анти-паразитски, анти-габичен, анти-воспалителен и анти-маларичен агент.
Во народните верувања се сметал за билка која носи среќа и љубов, па бил опејуван во многу народни песни. Гранчиња Артемисија се ставале под пазувите во неделите и за празниците. Слаткиот пелин во не толку дамнешно минато се користел на нашите простори како лек, мирис и зачин.
Уште многу одамна биле познати лековитите својства на слаткиот пелин. Во стар Египет се користел како лек против паразити и за кожни болести. Во Кина се користеле 52 начини за лекување на болести, а во некои гробници се најдени рецептури за лекување на хемороиди и лекување на маларија. Подоцна во Средниот век (1568 година) се споменува како фунгицид познат со векови и користен за лекување на маларија.
Меѓутоа со развојот на модерната медицина, слаткиот пелин отишол во заборав. Повторно го воскреснаа кинеските научници на чело со Ту Јују која доби Нобелова награда за медицина.
Слаткиот пелин го подобрува имунитетот бидејќи ги регулира функциите на различните механизми кои влијаат на имунолошкиот систем.
Во неговиот состав се наоѓаат следниве состојки:
Артемисинин : се користи како: антивирусно, антибактериско, антиканцерогено, антипаразитско, антигабично, антиинфламаторно и антималариско средство. Артемисинот е единствен признат лек кој може целосно да ја излекува маларијата. Покрај артемисин, слаткиот пелин во себе содржи и доста лековити состојки кои во синергија се одлични за човековото здравје. Се издвојуваат најважните: кверцетин, лутеолин, камфор, бета-ситостерол, карвакол.
Кварцетин: најактивен од сите познати биофлавоноиди, многу силен противвоспалителен агенс, силен антиоксиданс, спречува создавање плаки на крвните садови, спречува згуснување на крвта, силно антивирусно дејство, антиалергиско, антиревматаско и антиканцерогено при разни малигни заболувања: леукемија, рак на уста, дојка, јајници, желудник, црн дроб, дишни патишта и дебело црево.
Лутеолин : спречува воспалителни болести на мозокот, ги подобрува когнитивните способности. Во комбинација со витамин Ц лутеолинот штити од оксидативен стрес и го спречува размножувањето, но и ги уништува клетките на ракот. Особено е успешен во лекувањето на рак на простата, дебело црево и црн дроб.
Камфор : се употребува во облик на раствор како облога при ревматски болки или болки во мускули, невралгија и болки од оштетени нерви. Главното дејство е антисептично, односно спречува развој на микроорганизми. Камфорот ги одбива инсектите, комарците и молците, па алкохоен раствор може да се користи и против овие инсекти.
Бета -ситостерол : фитостеролите ја зголемуваат апоптозата и даваат ефикасна заштита од рак на дојка, тумор на дебело црево и простата.
Карвакол : состојка со многу силни антибактериски својства. Делотворен против повеќето бактерии кои предизвикуваат инфекции на дебелото црево и уринарниот тракт, колера, чиреви и кожни инфекции.
Поради сите овие лековити својства слаткиот пелин е многу делотворен против грип, настинки и разни воспалителни процеси во организмот и за јакнење на имунитетот. Многу е добар во превенција од рак на сите органи, а првите зачетоци ефикасно ги уништува. Неговото антиканцерогено дејство се должи на неговата посебна структура на железото кое се разликува од она на канцерогените клетки.
Канцерогените клетки имаат многу поголема концентрација на железо во однос на нормалните клетки. Во текот на истражувањата, научниците откриле дека Артемисинот има својство на инхибиција и уништување на канцерогените клетки, бидејќи во контакт со железото ги ослободува слободните радикали кои ги уништуваат канцерогените клетки.
Дава одлични резултати кај лекувањето на многу тумори: дебело црево, рак на дојка, јајници, канцер на бели дробови, рак на панкреас, простата, бубрези и лекуекемија.
Слаткиот пелин е едногодишна зељеста билка која потекнува од северна Азија. Сродна е со горкиот пелин, меѓутоа овие две билки не треба да се мешаат бидејќи имаат различно дејство и се користат за различни цели.
Артемисија има мирисни цветови со светложолта боја и може да порасне до висина од 2,5 метри, а стеблото на билката е исправено со гранчиња наизменично поставени. Сака сончеви места со добра дренажа. Семето е многу ситно, околу 12000 семиња на 1 грам.
Слаткиот пелин не се препорачува за трудници.
Соња Стојановска
