Бројот на заразени со Ковид-19 во Европа надмина 11 милиони

06.11.2020 15:13

Голем дел од државите воведоа полициски час до почетокот на декември. По Италија, рестриктивните мерки предизвикаа револт и кај населението во Велика Британија и во Словенија.

Бројот на заразени со коронавирус во Европа надмина 11 милиони. Според статистиката, најголем број нови случаи на Ковид-19 е забележан во Русија, Франција, Шпанија, Италија, Германија и Велика Британија.

Голем дел од државите воведоа полициски час до почетокот на декември. По Италија, рестриктивните мерки предизвикаа револт и кај населението во Велика Британија и во Словенија.

Во синоќешните протести во Љубљана против владините мерки, четворица припадници на специјалната полиција се повредени, а четворица демонстранти уапсени.