“Интернет војна“

Тензично во Крим, 2 дена пред референдумот за независност

14.03.2014 15:44

На улиците на градот Керч, влезна точка на Крим, се распоредуваат блиндирани возила и топови 48 часа пред референдумот за независност.

Проруските патроли вршат претреси на возилата и на патниците што доаѓаат со воз. На интернет на големо војуваат хакерите – ги урнаа интернет страниците на Путин, Националниот совет за безбедност и на Централната руска банка и на други институции.

-„Запленивме експлозиви, ловечки нож, пет единици со метални делчиња и друго оружје“, изјави припадник на Проруската полиција

Истовремено, во Лондон, министрите за надворешни на Русија и на САД, Лавров и Кери, се обидуваат да му дадат шанса на мирот.Пред почетокот на разговорите, шефот на руската дипломатија изјави дека ситуацијата е тешка, се случиле многу работи, а изгубено е доста време. Кери и домаќинот средбата Хејг изразиле очекување да се решат некои од спорните прашања

-„Русија до сега нема преземено ништо за да ја деескалира ситуацијата а тоа многу ги отежнува обидите за дипломатско решение. Мора да бидеме реални, ако денеска не се постигне напредок, ЕУ ќе пристапи кон натамошни мерки“ - Вилијам Хејг, министер за надворешни работи на Велика Британија

За сега нема официјални изјави од шестата средба Лавров-Кери за Украина, но се очекува државниот секретар да го повтори предупредувањето за санкции против Москва. Додека руските медиуми веќе слават победа, а украинските аналитичари со тешко срце се соочуваат со реалноста. Немаше напредок ниту на средбата на Советот за безбедност на ОН, каде што украинскиот премиер Јаценјук ја обвини Москва за воена акција, а рускиот претставник Чуркин инсистираше дека Русите воопшто не сакале војна. По денешните последни обиди пред референдумот на Крим в недела, во понеделник нова средба на европските лидери за тоа што понатаму.