Скопје, Белград и Тирана ќе потпишат Меморандум за соработка за справување со корона- кризата

09.11.2020 10:16

Премиерот Зоран Заев ќе биде домаќин и на потпишувањето на билатералниот договор помеѓу Албанија и Србија за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти на територијата на двете земји...

Македонскиот премиер Зоран Заев заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерите на Aалбанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, во присуство на министрите за здравство на трите земји, денеска ќе имаат oнлајн координативен состанок, по што ќе потпишат Меморандум за соработка, со кој ќе се регулираат односите меѓу државите во услови на кризата предизвикана од Ковид-19.

Премиерот Зоран Заев ќе биде домаќин и на потпишувањето на билатералниот договор помеѓу Албанија и Србија за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти на територијата на двете земји.

По потпишувањето на договорот се предвидени и кратки обраќања на лидерите на трите земји.