Се повеќе граѓани реагираат за нарушените потрошувачки права

14.03.2014 15:53

На адреса на Агенцијата за храна стигнале 950 поплаки за производи со поминат рок, чувани во нехигиенски услови или без декларација...

Скоро 10 и пол тони небезбедна храна биле уништени минатата година по пријава на потрошувачи. На адреса на Агенцијата за храна стигнале 950 поплаки за производи со поминат рок, чувани во нехигиенски услови или без декларација.

„Имавме нешто млеко, леб, имавме нешто сувомесни производи и риба“, вели Ката Стојаноска од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Купени производи со скриен недостаток, лош квалитет, несоодветна услуга или неисполнување на договор, нечесни практики на рекламирање.  Се поголем број граѓани реагираат до институциите ако се обесправени или незадоволни од услугите.

Правата на потрошувачите најмногу ги кршат телекомуникациските компании и фирмите за испорака на струја, вода и топлинска енергија. 800 јавувања на телефонот на Организацијата на потрошувачите. 

„Сеуште водат гаранцијата и проблемите со гарантниот лист, поправката на Апарати“, посочува Марјана Лончар од Организацијата на потрошувачите на Република Македонија.

Најчесто поплаките се решаваат во полза на потрошувачите, дефектот е бесплатно отстранет, производот заменет, посочуваат институциите.

Бизнис-заедницата го потпиша Кодексот за добро пазарно однесување. Фер конкуренција и подобра заштита на потрошувачите по европски терк со нов закон ќе се креира в година.

 

Сузана Фиданска- Стоевска