Стартува реализацијата на четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните

09.11.2020 10:30

Покрај мерките за директна поддршка за исплата на плати, како и директна финансиска поддршка за граѓаните, воведовни се мерки за даночни ослободувања и намалување на давачките за компаниите...

Стартува со реализација четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните, стопанството и за одржување на макроекономската стабилност.

Покрај мерките за директна поддршка за исплата на плати, како и директна финансиска поддршка за граѓаните, воведовни се мерки за даночни ослободувања и намалување на давачките за компаниите како: намалување на ДДВ од 18% на 5% за занаетчиски услуги; намалување на стапката на ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци; плаќање ДДВ 5 дена по поднесување на пријава; одложено плаќање на аконтации за данок на добивка и данок на личен доход како и признавање на трошок за приватно здравствено осигурување и тестирање за Ковид-19, напиша премиерот Заев на Фејсбук.

Тој нагласува и дека преку ребалансот на буџетот за најпогодените сектори дополнително се одвоени 412 милиони денари за поддршка на производителите, преработувачи и извозници на грозје и вино; 9,8 милиони денари за туристичките водичи; 120 милиони денари за враќање на туристичката такса за 2019 година; и 330 милиони денари за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби.