Временските услови поволни за подготовка на нови насади
Невообичаеното топло време за овој период од годината земјоделците го искористија за извршување на есенска сеидба на житата во оптималните рокови. Деновите кои следуваат ќе бидат малку посвежи но ќе можат да се искористат за подготовка за садење на овошните насади...

Невообичаено високи температури на воздухот и стабилното и претежно суво време ја следеа целата измината недела. Добри услови кои на земјоделските производители им овозможија непречено да ги вршат работите околу сеидбата на пченицата.
Влага во почвата има доволно, а топлото време помага за успешно поникнување на веќе посеаното.
И во наредната седмица прогнозите се дека нема да има поголеми промени во стабилноста на временската состојба. Единствено ќе биде со нешето пониски дневни температури кои нема да надминат 20 степени во јужните региони додека во поголемиот дел од земјава термометарот ќе се движи околу 14-тиот или 15-тиот степен.
На повисоките места, пак, се очекуваат и првите минусни температури, што ќе ја разладат атмосферата за неколку степени.
Сѐ на сѐ, ваквите временски услови се поволни и во наредниот период ќе им овозможат на земјоделците да продолжат со работите околу есенската сеидбата, но ова е време кога треба да почнат и со подготовката на површините за подигање на нови овошни насади, иако мразеви сеуште нема забележано на целата територија, а листовите сѐ уште не се паднати.
Методија Трајков
