Стотици уапсени на демонстрациите во Минск

09.11.2020 12:15

Протестите против Лукашенко траат три месеци...

Судир меѓу полицијата и демонстрантите  во Минск. Стотици уапсени на антивладините протести кои траат веќе  три месеци. Меѓу приведените има и медиумски работници.

Демонстрациите почнаа по изборите на деветти август на кои победи Александар Лукашенко и со тоа си обезбеди шести претседателски мандат.

Опозицијата тврди дека резултатите биле фалсификувани.