Расте увозот на риба, но и на домашното производство

09.11.2020 12:38

Македонија е нето увозник на риба и рибини производи, а увозот постојано расте во последниве 18 години. Во 2018 година 50% од увозот се однесуваше на замрзната морска риба, а остатокот на конзервирана и на свежа риба...

Македонскиот потрошувач годишно во просек конзумира 6-8 килограми риба, а во земјите од ЕУ, потрошувачката е 20 килограми по жител. Сѐ уште најмногу се троши увозната риба, иако сѐ повеќе има македонско производство на риби. Во околу 48 регистрирани и уште 20- тина евидентирани рибници, најчесто се одгледуваат пастрмката и крапот. Опасност за зачувување на рибите постои. Треба да се внимава и во обезбедување здрав подмладок, а најдобро е кога се добива од сопственото производство.

Освен свежа, рибата може да се консумира и преработена. Со користење на ИПАРД програмата се развива идејата, покрај увозните да имаме и домашни специјалитети.

Здрава исхрана, развој на руралните средини, допир со природата, обезбедување егзистенција. Тоа се дел од придобивките на водните пространства, рибници или фарми, а зошто ова производство да не прерасне и во поголема индустрија за храна. Немаме море, но имаме чисти води.

 

Сузана Трајковска