Македонија, Србија и Албанија потпишаа Меморандум за соработка во услови на Ковид-19

09.11.2020 12:25

Македонскиот премиер Зоран Заев заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, во присуство на министрите за здравство на трите земји, денеска имаа онлајн координативен состанок, при што беше потпишан меморандум за соработка со кој се регулираат односите меѓу државите во услови на кризата предизвикана од Ковид-19...

Премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ во присуство на министрите за здравство одржаа координативен состанок, по што потпишаа Меморандум за соработка за регулирање на односите меѓу државите во услови на Ковид-19 криза.

Со овој документ трите земји ќе разменуваат искуства и ќе соработуваат во борбата против коронавирусот, како и ќе се овозможи државјани на третите земји да бидат примани во локални болници. Се истакнува и дека е важно исто така да продолжи и економската размена и трговија и соработка меѓу трите држави.

Албанија и Србија исто така го потпишаа и билатералниот договор за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.