Концерт „И тело и душа“ во Филхармонија со пијанистот Дино Имери
Оркестарот на филхармонија в четврток ќе одржи концерт насловен „И тело и душа“ на кој како солист ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери...

Оркестарот на филхармонија в четврток ќе одржи концерт насловен „И тело и душа“ на кој како солист ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери. Со оркестарот ќе диригира Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата се дела од Бетовен - Концертот за пијано и оркестар бр.5 во Ес-дур и Симфонијата бр.7 во А-дур, оп.92.
Дино Имери се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари. Своето образование го стекнува работејќи со проф. Људмила Романова, проф. Борис Романов (во чија класа и дипломира на ФМУ во Скопје со Кум Лауде), како и со проф. Симон Трпчески во чија класа магистрира на само 22 годишна возраст со просек 10 и со почести Кум Лауде.
Во својата досегашна дејност, Имери остварил многубројни настапи во Македонија, но и во странство. Вбројан е во 10-те најдобри европски пијанисти според ранг листата на Третиот Европски Пијано Натпревар одржан во Нормандија, Франција.
