Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста
09.11.2020 13:24
Еуросуперот 95 од полноќ на бензинските пумпи ќе се точи за 58,50 денари, 98-цата за 60,5 денари за литар гориво. Цената на дизелот останува иста, 49,5 денари.

Бензините и екстра лесното масло поскапуваат за половина денар. Еуросуперот 95 од полноќ на бензинските пумпи ќе се точи за 58,50 денари, 98-цата за 60,5 денари за литар гориво. Цената на дизелот останува иста, 49,5 денари.
Повисока цена за 0,365 ќе добие и мазутот, по зголемувањето ќе чини 26,19 денари. Со одлуката на Регулаторната комисија, горивата во просек поскапуваат за 0,83 насто во однос на малопродажните цени.
