Пазар на труд

Две третини од домашните компании се соочуваат со недостиг на кадар

09.11.2020 15:00

Две третини од домашните компании се соочувааат со проблем на недостиг на кадар потребен во работниот процес. Комората иницира обука на неопходните профили на работници, преку моделот на настава и практична работа во компаниите...

Бравари, монтери, месари, касапи, келнери и готвачи се дефицитарен кадар за македонските компании. Дури 62 отсто од компаниите во земјава се соочуваат со недостиг нана овие стручни работници. Од Стопанска комора  апелираат – бизнис заедницата активно да се вклучи во креирање на вакви кадри согласно потребите на пазарот на трудот.

Според комората, досега се обучени и сертифицирани околу 300 ментори од 245 компании, за вклучување на ученици во практична обука. Според ЕВН Македонија од септември годинава, првата генерација е веќе дел од нивниот тим.

Од бизнисот со став - симбиоза на теоријата и праксата се добива со стручен и компетентен кадар со вештини потребни на пазарот на трудот.

Надлежните оценуваат, стереотипите мора да се надминат и без разлика на етничката, национална или родова припадност, секој треба да има право да се вклучи во процесот на образование и работење.

Марија Котовска