ИСЛАА го прослави својот трет роденден
Членовите на ИСЛАА најавија дека и оваа година ќе продолжат со работа во истиот дух, но со посилно темпо...

Иванов Школа за Лидери Алумни Асоцијација (ИСЛАА), во пријатна атмосфера и во духот на младоста вчера во хотелот „Стоун Бриџ“ со свечена прослава го одбележаа својот трет роденден. Младите лидери му се заблагодарија на шефот за државата за огромната поддршка, разбирањето и несебичниот придонес од секој аспект.
Најдобра потврда за тоа што претставува ИСЛАА, според нивните зборови, е она што нивниот најголем лидер го кажа: „Школата и оваа Алумни асоцијација е еден вид на пријателство кое ќе ве следи во текот на Вашиот живот и ќе Ви овозможи да комуницирате со други успешни луѓе кои постигнале многу во својот живот и имаат потреба да се надградуваат и да се оспособуваат. Тоа е капиталот на Македонија.“
Членовите на ИСЛАА најавија дека и оваа година ќе продолжат со работа во истиот дух, но со посилно темпо. Александар Зафировски, актуелниот претседател на Алумни асоцијацијата во своето обраќање ги најави планираните активности за 2014 година.
„И во оваа 2014 година го продолжуваме нашето лидерско патување што започна на школата за млади лидери во Охрид и продолжи олицетворено во целите,мисијата и визијата на ИСЛАА. Ќе организираме разни дебати и панел дискусии. Ќе се залаагаме за рализација на активности како што се хуманитарните концерти за помош на болните и помалку привилегираните во нашето опшество,како и за организација на дебати за поттикнување на младинскиот активизам и за промовирање на улогата на младите во општествениот живот“, нагласи Зафировски.
Претседателот Иванов ,им го честиташе третиот родентен на младите лидери и им се заблагодари на младите за препознавањето на идејата и нивниот придонес во општеството .
„Ме радува што овие млади луѓе ја препознаа моќта на заедничката работа,комуникација ,спријателување и споделување на заедничките вредности на младите како во државата,така и надвор од границите на нашата земја.Добро е што со дела покажувате дека тоа што го стекнувате во школата го применувате во секојднневиот живот “, изјави претседателот Иванов.
Младите пак, среќни што ја имаат можноста да стекнат искуство, контакти и вештини кои ќе им бидат од огромно значење во нивната кариера и формирањето на личноста на младиот човек.
„Јас сум во Школата за млади лидери од 2012-та година. Досега, стекнав големо меѓународно искуство, поминав многу меѓународни семинари и обуки кои ми се од голем значај за развојот на мојата професионална кариера ,но и секојдневниот живот. Запознавањето и контактите со луѓето од цел свет не прават побогати“ ,вели Елмас Хасановиќ, заменик-координаторот на политичко-правниот поткомитет и личност одговорна за спроведување на меѓународните проекти.
На прославата покрај претседателот Иванов, присуствуваа и претставници на повеќе Амбасади во Република Македонија кои ја поддржуваат ИСЛАА. Организацијата во себе ги обединува четирите генерации од Школата за млади лидери, проект инициран од страна на претседателот Иванов.
На настанот учествуваа и Британскиот амбасадор Кристофер Ивон, шефот на канцеларијата за врски на Република Грција Теохарис Лалакос, шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет, Српската амбасадорка Душанка Дивјак-Томиќ и други дипломатски претставници во Скопје.
Адмир Фазлагиќ
