Тивката голманска легенда – Петар Милошевски (1973 - 2014)
Македонија остана без големо спортско и фудбалско име.

Тивкиот, стабилен, мирољубив човек со големо срце, заминува прерано оставајки зад себе, кариера на респектабилен голман и спортист.. За жал не успеа да им го пренесе до крај на помладите драгоценото искуство, човечност и врвниот спортски карактер, кои го красеа и го издвојуваа од другите..
Кариерата ја почна во родниот град во клубот, зашитен знак на Битола, Пелистер каде што бранеше од 1994-1997-ма. Традиционално некако фудбалскиот пат го насочи кон најтрофејниот Вардар а по една година неговите квалитети го лансираа во турскиот гигант Трабзонспор, каде што остана две сезони и одигра 60 натпревари.
Во периодот од 2001-2004-тагодина имаше 62 настапа за Малатијаспор, а наредната годинана 12 натпревари јачуваше мрежата на Себатспор. Потоа ја напушта Турција и се сели наКипар каде што останува седум години и во 2012-та ја завршува кариерата по 112 одиграни натпревари за тимот на Енозис.
По 59 одиграни натпревари во репрезентативниот дрес, во периодот од 1998-2011-та, нашиот легендарен голман со сета страст и одговорност ја прифати и со голема љубов и посветеност ја извршуваше функцијата директор на македонските фудбалски селекции. Петар Милошевски имаше 40 години...
