Постигнато примирје во Нагорно- Карабах со посредство на Русија
Ерменскиот премиер Никол Пашинијан најпрво го објави договорот на социјалните мрежи, а рускиот претседател Путин и претседателот на Азербејџан, Алиев го потврдија договорот, кој вклучува долгорочно распоредување на руски мировници.
Лидерите на Ерменија, Азербејџан и Русија потпишаа договор за прекин на борбите во областа Нагорно- Карабах, што предизвика немири во ерменскиот главен град.
Демонстрантите упаднаа во зградата на владата. Ерменскиот премиер Никол Пашинијан најпрво го објави договорот на социјалните мрежи, а рускиот претседател Путин и претседателот на Азербејџан, Алиев го потврдија договорот, кој вклучува долгорочно распоредување на руски мировници.
Примирјето се случува во момент кога азербејџанските сили остварија големи придобивки на бојното поле во шестнеделните борби во деценискиот конфликт.
