САД

Трамп најави „шокантни“ податоци за гласањето

10.11.2020 10:55

Повтори дека на набљудувачите не им било дозволено да го следат пребројувањето на гласовите во Пенсилванија, а неговите претставници соопштија дека добиле над 130 писмени сведоштва за изборни нерегуларности во државата Мичиген.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе објави шокантни податоци за гласањето на изборите на 3-ти ноември во сојузната држава Невада.

Повтори дека на набљудувачите не им било дозволено да го следат пребројувањето на гласовите во Пенсилванија, а неговите претставници соопштија дека добиле над 130 писмени сведоштва за изборни нерегуларности во државата Мичиген.

Трамп повтори дека на неговите набљудувачи во сојузната држава Пенсилванија не им било дозволено да го следат процесот на броење на гласовите, поради што неговиот изборен штаб поднесе тужба пред тамошниот Федерален суд.