Играњето во природа го зајакнува имунитетот на децата
Играњето надвор, по можност во природа, е важен дел од растењето. Далеку од екранот, децата имаат можност да дишат свеж воздух, да ја истражуваат околината и да трчаат со своите пријатели.

Многу родители и наставници веруваат дека не е толку страшно ако децата се валкаат додека се надвор, што е практично неизбежно, а многу од нив исто така веруваат дека е добро за нивниот имунолошки систем. Една нова студија на истражувачи од Универзитетот во Хелсинки покажува дека оваа родителска мудрост е точна.
Оваа студија е направена во предучилишни установи во финските градови Лахти и Темпера, а во експериментот учествувале деца на возраст од 3 до 5 години. Во три предучилишни установи, децата играа во дворот со природна почва и вегетација, карактеристична за шумата. Во другите три предучилишни установи децата играа во дворот покриен со чакал. Во четири предучилишни установи, децата прво играа во двор со чакалеста почва, а потоа повторно во истиот двор, но сега пошумени. Научниците зедоа соодветни биолошки примероци од децата на почетокот на експериментот, и уште еднаш на крајот, по 28 дена.
Кога ги споредиле соодветните податоци добиени со анализа на биолошките примероци на почетокот и крајот на експериментот, биле шокирани. Имено, истражувачите откриле дека децата кои играле во неодамна пошумените дворови имале исти резултати како и оние кои отсекогаш играле во такво опкружување. Микробиомот на нивниот стомак и кожа драстично се зголемил, а анализата на нивната крв откри поголемо присуство на антиинфламаторни протеини, што покажува дека имунитетот е зајакнат.
Оваа студија покажа дека не е сè изгубено за децата родени во градот, кои поминуваат време во природа во ретки моменти. Мала промена во животната средина во нивните градинки може да влијае на голема позитивна промена на здравјето на децата, а со тоа да им го олесни животот значително на нив и на нивните родители, но и на секој што работи во предучилишни установи, особено во сезоната на грип.
Дијана Гогова Атанасова
