ЗДРАВЈЕ

Правилна и здрава исхрана во текот на студените денови

10.11.2020 11:06

Правилната исхрана е предизвик во текот на целата година, особено кога ќе дојде студеното време. Сите знаеме дека е време за топла супа и калорична храна, бидејќи празничните трпези до Нова година и после неа, се полни со вкусна храна, но треба да се воспостави рамнотежа.

Околината дополнително додава нови искушенија кога ни нуди различни закуски,  затоа не е изненадувачки што јадеме како што не треба и дека повеќето од нас добиваат тежина кога времето е студено. За среќа, сепак можете да направите здрав избор ако бидете внимателни со вашата храна.

Подготвување оброк закуска

Планирањето на оброците е важно за успешна и здрава исхрана. Затоа, би било добро да се одлучите за неколку видови закуски во кои уживате и да ги земате повремено, да јадете редовно за да избегнете некои нездрави одлуки, да планирате закуска, па дури и секогаш да имате неколку опции за грицкање во близина. Овие планови се добредојдени и  кога е топло и кога времето е студено, но тие се покорисни за време на есента и зимата.

Размислете за големините на порциите

Иако контролата на порциите не звучи толку интересно, таа е најдобрата опција со која можете да земете парче торта  без никакви грижи. Секако, не е реално постојано да избегнувате  слатки, затоа контролата на порциите е основен совет за тоа како треба да јадеме постојано, особено кога е ладно.

Направете план за уживање во храната

Еден начин да го направите ова е да изберете одредено време или празници да се опуштите со храна кога времето е студено. Можете исто така да направите список на омилени задоволства, и јадете ги само нив. Без оглед како ќе одлучите да го направите тоа, планот ќе ви помогне да направите избори што ќе го подобрат вашето здравје.

Дијана Гогова Атанасова