Битола

Универзитетски професор со точни математички пресметки за движењето на пандемијата

10.11.2020 16:01

Универзитетскиот професор, експерт по математички науки на битолскиот Технички факултет, проф. д-р Дејан Трајковски, уште од самиот почеток на пандемијата речиси со стонастотна точност ги предвидува просеците на пандемиските параметри за интервал од десетина денови. Поборник е за воведување на уште построги мерки...

Бројките се тие што најдобро ја отсликуваат реалната состојба на движењето на пандемијата. Од самиот нејзин почеток, нив со точност од 95 проценти на краткорочен деседневен период редовно ги претставува професор д-р Дејан Трајковски.

Движењето на бројките на пандемијата, почувствував дека се идеално место каде што можам да ги применам сите методи на математичка анализа кои ми овозможија, пак, да ја следам динамиката на пандемијата, вели професорот од Техничкиот факултет.

Статистички анализи кои предизвикаа внимание кај граѓаните, но и размена на мислења и дел со лекарската фела. Неговата математичка дијагноза за следниве два месеци вели дека треба воведување на уште построги мерки на заштита. Според него, актуелниве се недоволни затоа што во најдобар случај можеме само да ја стабилизираме, односно бројот на хоспитализирани да го следи оној на новозболени.

Бројот на хоспиализирани може да се намли само ако се намали само базичниот реподукционен број, вели Трајковски. Апалери секој да си постави еден свој ментален час, бидејќи статистиката предвидува околу Божиќ и нов ковид- бран.

Стевче Митревски