Пендаровски: Одложувањето на преговорите ќе биде лоша порака за целиот регион

10.11.2020 16:14

„Мораме да ги почнеме преговорите за време на германското претседателство. Ако се случи блокада на овој процес тогаш се губат и европските вредности“ – претседателот Пендаровски на младинската конференција - Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа. Според него, одложувањето на преговорите ќе биде лоша порака не само за македонските граѓани, туку и за целиот регион затоа што земјата прави огромна жртви за да бидат дел од унијата, а на крај не го добива oна кое го заслужува...

„Ние мораме да ги почнеме преговорите за време на германското претседателство. Доколку се случи блокада на овој процес, тогаш се губат и европските вредности“- порача претседателот Пендаровски на Меѓународната младинска конференција за европските вредности.

Според него, процесот кој е ставен на чекање со години, секогаш буди чувство на фрустрација и одложувањето на отпочнувањето на преговорите ќе биде лоша порака, не само за македонските граѓани, туку и за целиот регион.

Ние мораме да ги почнеме преговорите за време на германското претседателство. Доколку се случи блокада на овој процес, тогаш се губат и европските вредности. Ќе се направи огромна штета на кредибилитетот кај македонските граѓани. Тоа ќе ја охрабри имиграцијата на младите луѓе. Процесот кој е ставен на чекање со години, секогаш буди чувство на фрустрација. Одложувањето на отпочнувањето на преговорите ќе биде лоша порака не само за македонските граѓани, туку и за целиот регион. Тоа се земји кои прават огромни жртви за да бидат дел од Унијата и на крај не го добиваат она што го заслужуваат. Одлуката ќе покаже дали европа е само заеднички пазар или унија на вредности и ќе покаже дали политичките одлуки се засноваат исклучиво на национални интереси, или се дел од заедничко разгледување и решавање“, изјави претседателот Пендаровски.

Според Пендаровски одлуката ќе покаже дали Европа е само заеднички пазар или унија на вредности и ќе покаже дали политичките одлуки се засноваат исклучиво на национални интереси, или се дел од заедничко разгледување и решавање.

Известителот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук вели дека е оптимист затоа што Северна Македонија вложи големи напори за да ги приближи граѓаните на земјата до Европската унија. Останува уште многу да се направи кога станува збор за интеграциските реформи.

Мислам дека Бугарија и Северна Македонија се природни сојузници во НАТО, и сакам да ги видам како природни сојузници како соседни земји. Да споделуваат заеднички историски дебати, но исто така да споделуваат и заедничка иднина во Европската унија. Европската унија има голем потенцијал, особено Парламентот, но сакам да ја поздравам и Комисијата, да ја донесе идејата за европска интеграција. Повторно да ја изгради, да даде поголема доверба во европските заедници. Дали преку новата методологија, или преку инвестиции на економски план, до повисоки места во европските политики“, изјави Ќучук.

На конференцијара за европските вредности за иднината на Југоисточна Европа виртуелно своите визии ги презентираа младите од повеќе европски држави.

Игор Панов