Од идеја до профит во време на пандемија
Од идеја до профит во време на пандемија. Македонка што живее во Лондон давала совети за исхрана на мала група пријатели на интернет, но откако илјадници пројавиле интерес, почнала заработувачката. И од Скопје и пркосат на ситуацијата. Со вежбање...

Кога пред девет месеци коронавирусот нѐ затвори дома, нутриционистката Марија Соколовска реши да се отвори кон животот. На социјалните мрежи направила група од десетина пријателки кои ќе се дружат, сѐ со цел, да не паднат во очај и да не посегнуваат по храна. Иако живее и работи во Лондон, групата и била со пријателки од Македонија. Водена со желба да помогне им давала совети за напитоци, исхрана. Групата растела, 500, 1.000, па 5.000 жени. Наместо да очајуваат поради коронавирусот, на нејзиниот профил индивидуално барале совети како да ја намалат телесната тежина. Марија почнала да заработува. Но, сѐ уште, со ист жар како порано, сака и да помага.
Марија од Лондон, а Елена од Скопје ѝ пркоси на пандемијата. Таа 12 години го промовира вежбањето, не само за убав изглед, туку и како култура на живеење. Клуч на врата беше ставен и на фитнес салите, теретаните. Но темпераментот на Елена не ѝ дозволил да биде нем набљудувач, бидејќи и таа и спругот живеат од спорт и спортските активности.
За нас ова искуство беше ново, но цел свет работи со онлајн тренинзи, вели Елена. Иако салите добија протоколи и дозвола за работа, сепак некои уште вежбаат пред комјутер во своите домови. Коронавирусот го затвори светот, но отвори и нови димензии на живот и заработка.
Наташа Јанчиќ- Менковски
