Путин: Сите руски вакцини против Ковид- 19 се ефикасни
10.11.2020 19:35
Москва е спремна да соработува со сите други земји во врска со вакцините против корона вирусот, но Путин апелира тие процеси да не се полититизираат, пренесува Ројтерс.
Сите руски вакцини против Ковид- 19 се ефикасни, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Најави дека наскоро ќе ја регистрираат и третата по ред вакцина против Ковид-19.
Москва е спремна да соработува со сите други земји во врска со вакцините против корона вирусот, но Путин апелира тие процеси да не се полититизираат, пренесува Ројтерс.
Неговата изјава доаѓа еден ден откако производителот на вакцини „Фајзер“ соопшти дека нивната вакцина против корона вирусот е ефикасна повеќе од 90 проценти.
