Земјотрес од пет степени во гостиварско, засега нема регистрирани штети

11.11.2020 09:22

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала утрово во 4 часот и 54 минути е почувствуван на територијата на државава. Најсилно во Тетово и Гостивар, но ги вознемири и жителите на Скопје, Прилеп и Битола. Епицентарот е 50 километри југозападно од Скопје...

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала утрово во 4 часот и 54 минути е почувствуван на територијата на државава. Најсилно во Тетово и Гостивар, но ги вознемири и жителите на Скопје, Прилеп и Битола. Епицентарот е 50 километри југозападно од Скопје.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со пет степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со четири степени, а во Битола, Прилеп и околината со три степени според истата скала.

Освен вознемиреност кај граѓаните, досега не се регистрирани штети.

Околу 6 часот и 23 минути почувствуван е уште еден потрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер, што се толкува како афтершок по првиот удар.