Како да го одржувате вашиот мал стан секогаш уреден

11.11.2020 09:51

Малиот семеен дом може да биде проблематичен само од една причина - лоша организација на просторот. Нередот обично се случува поради недостаток на простор за складирање, но со неколку сосема едноставни трикови можете да направите вашиот мал стан да биде во минималистички стил, да има повеќе простор и секогаш да биде уреден.

Следете ги овие чекори и направете го вашиот мал стан убава и уредна оаза:

Користете го целиот простор за складирање

Идеален простор за складирање работи во мал стан е под креветот или фиоките што се наоѓаат во креветот и мебелот. Може да ставите гардероба што не е за тековната сезона на овој простор со пакување во вакумска кеса.

Закачете работи на ѕидот

Ѕидот не е само простор каде што можете да поставувате слики или фотографии. Закачалка на ѕидот е одличен начин  за чување јакни, чанти и ранци. На пример, во детската соба, можете да направите специјална закачалка  на која децата можат да чуваат ранци и торби. Можете да закачите цвеќе со куки и висечки саксии. Полиците на ѕидот во дневната соба се совршен агол за книги, ситници и украсие, додека полиците во бањата се добар избор за чување крпи и козметика.

Фрлете ги  работите што повеќе не ви требаат

Работите што имаат сентиментална вредност треба да имаат свој агол во вашиот дом, но предметите што повеќе не ги користите и кои немаат никакви чувства во вас, не заслужуваат да бидат дел од вашиот дом. Таквите работи едноставно прават хаос. Проверете го целиот плакар и донирајте облека што повеќе не ја користите. Сите непотребни ситници, безначајни хартии и оштетени работи треба да се фрлат. Размислете кои парчиња мебел повеќе немаат функција и исфрлете ги од дома.

Инвестирајте во паметна кујна

Користете мултипрактични апарати и прибор во кујната. На овој начин ќе заштедите простор. Отфрлете ги оштетените садови и дајте им ги на пријателите оние што слабо ги користите.

Секогаш чувајте ги работите на место

Во мал стан, само неколку дополнителни предмети во една просторија можат да создадат неред. Чувајте играчки и игри за деца во детската соба. Облека во плакари или корпи за перење. Чевлите одат на одредено место и не се оставени насекаде низ ходникот.

Дијана Гогова Атанасова