Отворена изложба на Ник Кејв во Копенхаген
Во Копенхаген е отворена изложба на Ник Кејв, опфаќајќи скоро пет децении од неговата уметничка кариера и нуди обемен преглед на важни настани од неговиот живот.

Изложбата наречена "Stranger than Kindness" требаше да биде отворена на 23 март во делот на Данската кралска библиотека, но таа беше одложена поради пандемијата на коронавирусот.
Во меѓувреме, книгата на Кејв беше објавена под истиот наслов, станува збор за своевидна верзија на изложбата, која нуди интимен увид во неговиот живот и креативниот развој во едицијата Канонгејт. Исто така е достапна и во електронска верзија,
Изложбата ги прикажува изворите на инспирацијата и креативноста на Кејв од детството до денес, во форма на текстови, уметнички дела, ракописи, фотографии и други артефакти. Вклучува околу 300 предмети од неговата лична колекција, архивите на Ник Кејв во Центарот за уметности во Мелбурн и предмети од колекцијата на Кралската библиотека на Данска, а некои се позајмени од приватни колекции.
„Зад песната стои огромна количина на периферни работи - цртежи, мапи, списоци, фотографии, слики, чкртаници и скици ... Тоа е материјалот од кој се раѓа и се негува официјалното дело“, напиша Кејв во предговорот на книгата.
Самиот Кејв им изјави на новинарите дека неговата сопруга, поранешната британска манекенка Сузи Бул, ги собрала сите предмети и други спомени што сега се изложени, а многумина поминале 20 години во кутии на таванот и други места.
„Имаше многу различни предмети и заедно започнавме да ја дизајнираме изложбата“, рече 63-годишниот австралиски пејач, композитор и писател.
"Јас сум тоа што сум. И во исто време јас сум личноста што ја гледате таму, на изложбата", рече Кејв.
Препознатлив по неговиот удобен баритон, строго скроени одела и густа црна коса, овој Австралиец се стекна со слава како пејач во групата Nick Cave and the Bad Seeds.
Посетителите на изложбата можат да талкаат низ просториите што ја претставуваат неговата канцеларија, дневната соба и различните фази од неговиот живот.
Tрогателен момент e кога еден посетител влегува во просторијата посветена на неговиот син Артур, кој почина на само 15-годишна возраст, откако пред пет години случајно падна од карпа во близина на англиското одморалиште Брајтон. Собата е во целосен мрак и има само фотографија од Кејв и неговата сопруга.
Изложбата ќе биде отворена до февруари 2021 година.
Дијана Гогова Атанасова
