ТЕХНОЛОГИЈА

Безос повторно продаде акции на Амазон, заработи три милијарди долари

11.11.2020 09:59

Основачот и извршен директор на Амазон, Џeф Безос, ги продаде своите акции во компанијата за повеќе од три милијарди долари оваа недела, според податоците на американската Комисија за хартии од вредност...

Безос ја забрза продажбата на своите акции во последната година. Во август продаде акции на Амазон во вредност од над 3,1 милијарди долари, а пред тоа во февруари за над 4,1 милијарди долари.

Со продажбата на акциите оваа недела заработи повеќе од 10,2 милијарди долари од почетокот на годината, што е значителен скок во споредба со 2019 година, кога од продажбата собра 2,8 милијарди долари.

И по последната продажба, Безос сè уште поседува над 53 милиони акции на Амазон во вредност од скоро 170 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек на светот.

Тој претходно рече дека секоја година ќе продава акции за околу милијарда американски долари за да го финансира својот старт за производство на ракетата Blue Origin.

Покрај тоа, шефот на Амазон основаше фонд од 10 милијарди долари во февруари за борба против ефектите од климатските промени, од кои ќе се доделуваат грантови за научници, активисти и други еколошки организации.

Вредноста на Амазон скокна за над 75 проценти од почетокот на годината.

Дијана Гогова Атанасова