БРИСЕЛ
Европските сили подготвуваат нови мерки во борбата против тероризмот
11.11.2020 10:31
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека екстремизмот е раширен низ целиот континент и побара зголемена соработка во размената на информации.

ЕУ планира нови мерки во борбата против тероризмот на Стариот континент. Меѓу нив се брзо отстранување на терористичките пропганда и говорот на омраза на интернет, реформи на шенгенскиот регион и заострување на контролата на влез и излез од ЕУ, како и воспоствавување на нова институција за обука на имамите во Европа.
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека екстремизмот е раширен низ целиот континент и побара зголемена соработка во размената на информации.
Покрај Франција, и Австрија недоамна беше цел на терористички напади.
