САД

Демократите мнозинство во Претставничкиот дом, во Сенатот е неизвесно

11.11.2020 10:49

Демократската партија си обезбеди мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со најмалку 218 мандати освоени на изборите на 3-ти ноември. Иако би можеле да добијат уште неколку места во Долниот дом...

Демократската партија си обезбеди мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со најмалку 218 мандати освоени на изборите на 3-ти ноември. Иако би можеле да добијат уште неколку места во Долниот дом, нивното мнозинство ќе биде помало во однос на претходниот состав во телото со 435 членови.

Во однос на Сенатот, голема е веројатноста републиканците и натаму да доминираат. Се чекаат гласањата на Алјаска и Џорџија на 5-ти јануари.

Новоизбраниот претседател, демократот Џо Бајден изрази увереност дека ќе успее да обезбеди доволен број претставници.