Утврден Предлог- буџетот за 2021 година
Премиерот Заев и министерот за финансии Бесими, денеска на прес- конференција ќе го претстават предлог- буџетот за следната година.

Владата синоќа во рамки на 19-тата седница го утврди Предлог-буџетот за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2021 година, кои ќе бидат доставени во Собранието и детално презентирани пред јавноста, соопшти владината прес- служба. Премиерот Заев и министерот за финансии Бесими, денеска на прес- конференција ќе го претстават предлог- буџетот за следната година.
Владата на синоќешната седница исто така ја разгледа и усвои информацијата за реализација на мерката за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти за време на здравствено- економската криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19.
Одлучено е 400 компании да добијат вкупно 17,2 милиони евра, средства кои се дел од третиот пакет мерки, наменети за опоравување на домашната економија.
