Активни над 15 илјади случаи со Ковид-19, засега нема да се воведе полициски час

11.11.2020 11:16

Надлежните убедуваат дека слободни кревети за пациенти со Ковид-19 сѐ уште има. Но, загрижува ситуацијата со заразен медински персонал. Во моментот 250 се заболени или во изолација. И вчера бројката заболени висока. Во ковид- билтенот рекордна бројка починати, 30...

Битката со корона вирисот досега ја загубиле 1.186 лица. Во државава во моментов има 15.116 активни случаи со Ковид-19, нешто помлаку од половина од нив се од Скопје. Бројката хоспитализирани надмина 1.000.

Надлежните убедуваат дека слободни кревети за пациенти со Ковид-19 сѐ уште има. Но, загрижува ситуацијата со заразен медински персонал. Во моментот 250 се заболени или во изолација. И вчера бројката заболени висока. Во ковид- билтенот рекордна бројка починати, 30.

Според министерот за здравство Филипче, засега нема потреба од воведување полициски час, рестриктивните мерки што се досега донесени се доволни, и ако се почитуваат ќе дадат резулат во следниот период.

Министерот очекува дека во јануари или февруари ќе имаме вакцина против Ковид-19, согласно сегашната динамика на одвивање на работите.