КОВИД-19
Туризмот ќе заживее целосно до 2024 година
11.11.2020 11:26
Сите европски дестинации имаат преполовен број на туристи...

Поради пандемијата со Ковид-19, речиси за 70% бил намален бројот на туристи во Европа во првите осум месеци во однос на истиот период лани. Експертите со песимистички прогнози, велат дека дури во 2024 година ќе се вратат некогашните нивоа на посетеност.
Најпогодени се Кипар и Црна Гора каде што е евидентиран пад и од 85%. Хрватска и Австрија се меѓу земјите со најмало опаѓање на посетеноста.
СЗО соопшти дека минатата недела бил регистриран рекорден број заболени во една седмица од почетокот на пандемијата.
