Нема слободни кревети во струмичката болница, бројот на заразени расте
Нема слободни кревети во струмичката болница. Од упрвата се надеваат дека ќе се адаптира ново крило за прием на пациенти. Бројките на заразени растат, има 700 активни случаи...

Струмичката болница се соочува со недостиг на легла. Секојдневниот раст на бројките, дневната терапија, но и леглата на инфективното одделение буквално ја сменија сликата на болницата.
Од управата на болницата велат дека можеби на дневна основа се ослободуваат до пет легла , но само на неколку часа. Се надеваат дека технички ќе се среди и новото крило, ама не се сигурни дека ќе најдат персонал за работа.
Струмица од почетокот на епидемијата е со 1.244 позитивни од кои околу 700 се сѐ уште активни. Речиси и да не одминува ден, а да нема починато лице. Од раководството на болницата се надеваат дека ќе се изнајде решение за тековните проблеми, со цел подобар третман на пациентите.
Стојне Митева
