Неизвесен почетокот на преговорите за членство во ЕУ
Седницата е презакажана за 17-ти ноември. Постои простор за разговор меѓу Скопје и официјална Софија за усвојување на преговарачката рамка, убедуваат властите.

Сѐ уште е неизвесен почетокот на преговорите за членство на државава во Европската унија, Бугарија тактизира дали ќе го искористи правото на вето.
Седницата е презакажана за 17-ти ноември. Постои простор за разговор меѓу Скопје и официјална Софија за усвојување на преговарачката рамка, убедуваат властите.
Германската канцеларка Меркел им порача на македонскиот и бугарскиот премиер- мора да се согласувате, тоа е многу важно. Заев уверува дека има поддршка за процесот за проширување, Борисов дека останува на заложбата за интеграција на Западен Балкан во Унијата.
Имаме сосема јасни позици дека не преговараме за македонскиот идентитет и јазик, велат во владејачката партија. Ги отфрлаат изјавите на бугарскиот министер Каракачанов, кој веднаш по средбите со македонската делегација во Софија постави ултиматум до земјава да ги прифати бугарските барања до петок.
