Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна

11.11.2020 14:01

18 деца од градинките се заразени со Ковид-19, 51 од вработените е позитивен на вирусот. Инфекцијата доаѓа однадвор, уверува министерката Шахпаска.

Според последниот неделен извештај на здравствените власти, бројот на заразени во градинките е 120 вработени и 18 деца. Но, надлежните велат дека состојбата е стабилна.

Последниот неделен извештај што го испративме на Комисијата беше минатиот петок со состојба во моментот и тоагаш беа регистрирани  120 позитивни  вработени и 18 дечиња. Кога велам вработени тука се мисли и на негуватели, воспитувачи, готвачи, хигиеничари и останатиот кадар.  Од тие 120, 51 лице е  воспитувач, 50  негуватели,  а остантите 19 од останатиот кадар во градиндките“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Според министерката Шахпаска, во градинките се почитуваат протоколите за заштита од Ковид- 19 и нема можност за ширење на инфекцијата. Во изолациија се праќа секој сомнителен случај.

Од безбедносни причини 1.200 деца во градинките се во излолација, не затоа што се болни, туку затоа шти биле во контак со заразено лице.

Изминативе два месеца Државниот санитарен и здраствен инспекторат има извршено над 1.000 вонредни  инспекциски надзори во училиштата и градинките. Не е констатирано прекршување на протоколите – информираше директорката Сотирова- Бухова.

До овој момент нема регистрирано пренесување на САРС-КоВ-2 внатре во градинките и училиштата. Тоа се претежно импортирани инфекции од надвор“, изјави Сотирова- Бухова.

И покрај ова, првата детска амбасада „Меѓаши“ деновиве изрази загриженост од ситуацијата и побара затворање на градинките, како и целосна онлајн настава во училиштата.

 

Марина Стојанова- Тонева