Апитерапијата е посилна од таблетките, поприродна од инјекциите и помудра од фармацевтските совети

11.11.2020 15:14

Терапијата се состои од вдишување на аеросоли, кои се мешавина од повеќе корисни и здрави елементи од пчелното живеалиште, како што се прополисот, нектарот, етеричните масла, флавоноидите, медот, восокот, матичниот млеч, поленот и други лековити материи.

Апитерапијата е дел од холистичката медицина и подразбира употреба на сите пчелини производи во превенција и лекување на многу болести. Но, не само тоа, туку болните луѓе дишат воздух  во амбиентот каде што пчелите ги создаваат своите производи.

Терапијата се состои од вдишување на аеросоли, кои се мешавина од повеќе корисни и здрави елементи од пчелното живеалиште, како што се прополисот, нектарот, етеричните масла, флавоноидите, медот, восокот, матичниот млеч, поленот и други лековити материи. Пчелите, преку вентилирање или едноставно движење на крилцата, испарувањата од овие материи ги мешаат и ги распрскуваат во ситни аеросоли во воздухот во внатрешноста на кошницата. Вдишувањето на аеросолите и аромите од пчелната кошница, освен за подобрување на состојбата со дишните патишта, има значаен ефект и врз психофизичката состојба на луѓето. Инхалаторната апитерапија делува смирувачки, релаксативно и ослободува од стресот акумулиран при секојдневието.

Постојат специјални маски за вдишување на благодетите од внатрешноста на кошницата. Во пчеларски развиените земји, направени се таканаречени Апикомори, во кои пациентите релаксирано вдишуваат воздух од пчелното семејство, без опасност од убод, незавосно од периодот на денот или надворешните временски услови. Најефективен период за инхалациска апитерапија е од април до септември. Еднонеделен третман со секојдневно вдишување во време од еден час, значително ќе ги намали проблемите со дишењето. Освен за болни лица, апитерапијата се препорачува и за лица кои едноставно сакаат да се опуштат или внимаваат на своето здравје, лица кои се занимаваат со спорт, работници кои работат во фабрики и погони поврзани со тешки метали, штетни испарувања и др.

Инхалаторната апитерапија била позната уште во времето на Египќаните.Овој начин на лекување станува се по популарен во светот па и кај нас.

Апитерапијата не е само примена на мед и и другите пчелини производи во превенција и лекување на тешкотиите и на болестите, тука таа, научно докажано  е врв на пчеларството, спој на љубов, знаење и доброчинителство. За луѓето кои што изгубиле верба во лекувањето на други начини, апитерапијата е враќање на надежта во природниот начин на лекување и на „невозможното“ во реалност.

Зборот апитерапија потекнува од зборот апи што на латински значи пчела, и зборот терапија кој има француско потекло и значи начин за постапување со луѓето или со животните оболени од разни болести.Апитерапијата помага кај лица со заболувања или потешкотии како што се: астма, бронхитис, хронични болести на белите дробови, ослабен имунитет, инфекции на дишните патишта, мигрена и  хронична главоболка, стрес, депресија.

Медот, прополисот, поленот, восокот, пчелиниот отров и матичниот млеч се многу ценети и лековити производи. Тие се двигатели и поттикнувачи на многу процеси во организмот кои даваат сила.  Суровиот , неразблажен мед е најстариот природен засладувач, кој е вистински извор на здравје. Луѓето го користеле медот за подобрување на исхраната и за одржување на телото илјадници години пред откривање на белиот рафиниран шеќер.

Медот содржи разни шеќери,есенцијални аминокиселини, овошни киселини, ензими, природни „ антибиотици“, фитонициди, витамини иминерали, антиоксиданси. Прекумерното загревање ги уништува драгоцените ензими, минерали и витамини, како и уникатните фитонутриенти. Свежите и органски производи од пчелите имаат поголем ефект отколку оние што се индустриски преработени ( прегревање, прекумерни филтрации, и рафинирање кои се дури и штетни). Медот денеска е повеќекратно третиран, термички и хемиски обработен, што го прави безживотен и со намалени благодети.

Апитерапијата како начин на лекување и помагање на луѓето се применува во многу земји, посебно во Русија, Романија, Куба, Кина , Јапонија. Се повеќе се практикува на Балканот. Пред неколку години и почна поорганизирано да се применува и кај нас , но, се уште  потенцијалот на пчелите  не е доволно искористен во ваква комбинација, а инвестицијата во специјални дрвени куќички за пациенти и амбиентално уредување бара повеќе финансиски средства.

Соња Стојановска