Ковид-19: Расте бројот на заразени, хоспитализирани над илјада пациенти

12.11.2020 10:03

1.321 заразени со Ковид- 19 беа регистрирани вчера во земјава. Активни се 15.975 случаи, а хоспитализирани 1.049. Во претходното деноноќие направени се и рекордни 3.836 тестирања, а според ковид- статистиката, процентот на потврдени случаи е 34,4...

1.321 заразени со Ковид- 19 беа регистрирани вчера во земјава. Активни се 15.975 случаи, а хоспитализирани 1.049. Во претходното деноноќие направени се и рекордни 3.836 тестирања, а според ковид- статистиката, процентот на потврдени случаи е 34,4.

Вкупниот број на ковид- дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 42.540. Оздравени се 25.353 пациенти, а починале 1.212, од кои само вчера 26. Речиси половина од активните случаи се во Скопје- 7.410. Од скопските општини, најмногу има во Аеродром со 1.161, Гази Баба 1.007 и Карпош 987, а најмалку се во Арачиново 20 .

Извештајот на Институтот за јавно здравје, што се однесува на периодот од 2-ри до 8-ми ноември, покажува зголемување од 25,5 отсто на бројот на нови позитивни случаи.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 37 отсто. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група над 60 години, додека најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.758 (51,6 отсто) лица од машки и 3.522 (48,4 отсто) од женски пол. Евидентирани се 127 смртни случаи, што е зголемување од 41,1 отсто во однос на претходната недела.

Бројот на заразени од корона вирусот во светот надмина 52 милиони, излекувани се 36,6 милиони, активни се 14,4, а битката со Ковид- 19 ја изгубија речиси 1,3 милиони луѓе.