Електронска фактура меѓу аптеките и ФЗОМ
14.03.2014 17:02
Во период од 15 дена, аптеките при внесување на податоците на рецептите добиваат аларм што е погрешно...

Воведена е електронска фактура или поврзување меѓу аптеките и Фондот за здравствено осигурување со цел да се избегнат нервозите и грешките од минатото кои беа на товар на аптеките, соопшти директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Maja Парнарџиева-Змејкова
Во период од 15 дена, аптеките при внесување на податоците на рецептите добиваат аларм што е погрешно. Од ФЗОМ објаснуваат дека овој проект произлегол од аптеките и додаде дека го воведуваат и кај сите здравствени установи со кои Фондот има договор.
„Порано аптеките ни ја доставуваа фактурата, а ние, со нашите системски проверки констатиравме голем број грешки коа автоматски беа отстранувани и не беа плаќани од Фондот. За тоа да не биде на штета на аптеките, Фондот воведе електронска фактура која аптеките во текот на месецот си ја потполнуваат постојано на нашиот веб портал. И веднаш, при првото нотирање на грешката, можат да ја отстранат“, рече Парнарџиева-Змејкова.
