ЗДРАВЈЕ

Внимателно со суплементите, не е се за секого!

12.11.2020 12:50

Суплементите не се лекови и не смее да се земаат наместо терапија за одредена болест, ниту пак е замена за разновидна нутритивна храна. Тие се само надополнување и многу е важно каква доза се користи.Дневниот внес на храна мора да биде оптимален и разновиден...

Можеби здравјето е најважна работа за која треба да се грижиме, па затоа и не треба со него да си играме ниту да експериментираме на своја рака. Што се суплементи и како се користат и дали може да бидат истовремено корисни и штетни? Ова се важни прашања за кои треба да се размисли и да се земаат по консултација со лекари и професионални нутриционисти, за да не дојде до нескани ефекти, особено ако некој има сериозни заболувања. Посебно сега се популарни поради зајанување на имунитетот за заштита од корона вирусот. 

Диететските производи или суплементите денес во најголема мера ги чинат витамините, минералите, ензимите, лековитите билки, амино киселини и други кои не може да се добијат од храната.  Постојат во различни облици, во  капсули, во прав  или таблети. Се пијат затоа што не се храниме квалитетно или пак го нема во доволна мера во продуктите поради хиперпродукцијата на неквалитетна храна со ниска нутритивна вредност. Но, се земаат и  како превентива или зајакнување на имунолошкиот систем.  Моментално најпопуларни и најбарани се витамините Д и Е. 

Значи суплементите не се лекови и не смее да се земаат наместо терапија за одредена болест, ниту пак е замена за разновидна нутритивна храна. Тие се само надополнување и многу е важно каква доза се користи.Дневниот внес на храна мора да биде оптимален и разновиден.

Одредени истражувања покажале дека суплементите може многу поволно да влијаат на комплетното здравје и помош при контролирањето на  одредени здравствени состојби. Но, не е секoj суплемент  за секого. Важно е и да се прочита декларацијата на која пишува кој не смее да го користи дадениот производ., како и споредните ефекти од него. Несовесното користење може да предизвика несакани ефекти, особено ако се земаат наместо препишаната терапија или ако се измешаат многу суплементи во исто време. 

На пример суплементите не се земаат пред и по операција, зашто може да го намалат дејството на анестезијата. Важна е консултацијата со лекарот кој препишал одредена фармацевтска терапија. На пример дури и витаминот Ц кој е силен антиоксидант може да влијае на ефектите на хемотерапијата. Преголемиот внес на суплементи може да го наруши балансот на организмот со појава на вишок суспстанции. што е штетно како и кусокот на витамини и минерали. Треба да внимаваат и трудниците и децата.  

Популарни се и цинкот , магнезиумот и калциумот. На пример цинкот не оди во исто време со магнезиумот зашто предизвикува дијареја.Иако помагаат за да се сочува здравјето, прекумерната употреба доведува до многу проблеми. Треба да се внимава и на состојбата со бубрезите и црниот дроб. Бидејќи суплементите не одат на рецепт луѓето често претеруваат со комбинации на своја рака.

На пример преголемите дози на калциум може да влијаат на појава на кардиоваскуларни болести,може да дојде до срцев или мозочен удар, Високата содржина во суплементите доведува до брз скок на концентрацијата на калциум во крвта, а последиците од тоа се таложење на овој минерал на ѕидовите на крвните садови и се создаваат услови за други компликации, односно артериските калцификати  го зголемуваат ризикот за кардиоваскуларни заболувања.Затоа за остопороза и кршливост на коските е ризично да се препорача, освен во индикативни стуации, затоа што може да се надомести преку континуирано земање одредена храна.  Што се однесува на магнезиумот поголемите дози може да им наштетат на срцевите и бубрежно  болните, може да предизвика и дијареа, пад на крвниот притисок, мачнина повраќање, Магнезиумот може да влезе во интеракција и со антибиотици, лекови за крвен притисок, дијабетес и остеопороза затоа е неопходно да се зема под медицински надзор. Треба да се знае дека магнезиумот побрзо поминува низ бубрезите при користење пијалоци со кофеин, а мрсната храна и месните преработки го врзуваат магнезиумот во цревата и ја оневозможуваат неговата апсорпција.

Затоа, пожелно е да има природен внес на витамини и минерали преку овошје и зеленчук, а контролиран внес само на суплементи со материи кои се многу малку застапени во храната или му недостигаат на нашето тело.

Соња Стојановска